Бела ноќ во Гевгелија

 

Општина Гевгелија во соработка со угостителските објекти вечер организира Бела ноќ со забава до раните утрински часови.

Градските власти информираат дека повод за организација на Белата ноќ е присуството на голем број гости од земјата и од странство, од Хрватска и Грција кои пристигнаа во Гевгелија да учествуваат и да ги проследат мултимедијалниот арт фестивал „БОШ“ што почна синоќа и „Смоквијада 2013“ што ќе се одржи вечер, како значајни и воедно последни настани од годинашново „Гевгелиско културно лето“.

По официјалните културни настани од вечерашнава програма, сите угостителски објекти ќе организираат забави со учество на познати македонски пеачи и диџеи. 

најчитано сега