Продлжување: Кежаровски уште 30 дена во притвор

 

Кривичниот суд Скопје 1 вчера во истражниот затвор во Шутка му доставил решение на новинарот  Томислав Кежаровски во кое пишува дека судот по четврти пат му ја продолжува мерката притвор за уште 30 дена, јавува „Нова Македонија“

Новинарот  Кежаровски ќе остане уште најмалку 30 дена во притвор во истражниот затвор во Шутка.

Ваква одлука донел кривичниот суд Скопје 1 кој во образложението напишал дека притворот на новинарот му се продолжува поради опасноста Кежаровски да избега а со тоа нема да присуствува на судските рочишта во случајот „Ликвидација“.

Ова е четврти пат судот да му го продолжува притворот на Кежаровски. 

24.08.2013 - 12:46
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега