Кутињо нема да игра против Сити

 

Фелипе Кутињо нема да биде вклучен во составот на Ливерпул за утрешното дерби против Манчестер Сити.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека оваа одлука е донесена, бидејќи Бразилецот не тренирал со тимот три недели пред паузата за натпреварите на националните тимови.

Кутињо ги пропушти активностите на Ливерпул поради повреда во грбот и беше во очекување на трансфер во Барселона, кој не се случи. Потоа тој замина за Бразил, каде што тренираше со репрезентацијата и дури учествува во квалификациите. Во средата тој се врати во Англија и ги обнови тренинзите со Ливерпул, но Клоп одлучил дека Бразилецот не е подготвен.

Менаџерот на „црвените“, објасни дека било можно Кутињо да игра 15-20 минути, но по разговорот меѓу двајцата проценија дека е мудро воопшто да не зема учество во натпреварот.

Дуелот Манчестер Сити – Ливерпул е закажан за утре од 13:30 часот и со него ќе биде отворена четвртата рунда од Премиер лигата.

 

 

 

08.09.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега