Време: Пеколен ден - попладне услови за дожд

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со појава на мала до умерена облачност. Во попладневните часови во западните делови од земјава ќе има појава на краткотраен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 29 до 36 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со појава на умерена облачност, особено во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 6. 

24.08.2013 - 11:02

најчитано сега