Комисијата за транспорт почна да расправа за Законот за медиуми

 Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија ја почна амандманската расправа по Предлог-законот за медиуми.

Поднесени се вкупно 34 амандмани, 23 од СДСМ, 10 од ВМРО-ДПМНЕ и еден од пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија.

Во Собранието во тек е и седница на Законодавно-правната комисија на која се разгледува Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, исто така во второ читање. По овој Предлог-текст, доцна синоќа, заврши тридневната амандманска расправа во матичната Комисија за транспорт, врски и екологија. Од вкупно предложените 94 амандмани, прифатени беа 33. 

23.08.2013 - 12:31

најчитано сега