Неколку трансфер бомби на крајот во Премиер Лигата: Најдобрите си заминуваат од Арсенал
Трансфер период е при крај остануваат уште неполни три дена, а оние најбогатите ги завршуваат потенцијално богатите трансфери.
Како и секогаш во последните денови шоуто е во Англија, во Премиер лигата, моментално најтешко е во Арсенал, Арсен Венгер можно е да го напуштат некои од најдобрите играчи.
Сити со понуда за Алексис
Алексис Санчез е главна приказна на Островот. Последната информација која доаѓа од Мирор тврди дека Манчестер Сити до Арсенал испратил понуда која тешко дека ќе можат во Лондон да ја одбијат.
Наводно за Чилеанецот нудат милиони и Рахим Стерлинг. Младиот англиски репрезентативец не би имал ништо против трансфер во Арсенал, а Топџиите би добиле играч кој веднаш би го заменил Санчез.
А дека до овој трансфер е можно да дојде, е информацијата дека она што него време се зборуваше, сега доби и потврда. Алексис Санчез не сака повеќе да игра во Арсенал, Чилеанецот предал барање за трансфер, а како најреална опција секако се сините од Манчестер.
Диего Коста го менува клубот, меѓутоа останува син
Коста повторно во Премиер лигата, но на само шест месеци.
Атлетико го купи Бразилецот со шпански пасош од Челзи за 45 милиони евра, а бидејќи до зима не смеат да купуваат нови играчи, го позајми на Евертон каде тој ќе игра до зима.
Свонски со сериозни амбиции, го доведуваат еден од најдобрите млади играчи во светот.
Ренато Санчез, најдобриот млад фудблаер на минатот ЕП, не се снајде баш најдобро во Баерн Минхен и од таму не би имале ништо против негово заминување ова лето.
Но, Анчелоти не сака да го продаде, туку да го прати на позајмица, а тука Свонси ја има својата шанси. Челзи, Милан, Ливерпул и Монако сакаа да го купат, но велшкиот клуб го сака на позајмица и според медиумите во Британија таа опција е доста блиску до реализација.
Бегство од Арсенал
Арсенал е во големи проблеми по лошиот старт на сезоната. Арсен Венгер повторно не доведе вистински засилувања, а играчите кои нешто вредат сакаат да го напуштат клубот што побрзо.
Еден од нив е и 24 годишниот Алекс Окслејд Чемберлејн, на кого следното лето му истекува договорот, а откако одби да потпише нов, најреална опција е дека ќе си замине, за клубот да заработи барем нешто од него.
До крајот на преодниот рок останува малку време, а во борбата за младото крило се вклучи Челзи. Според пишувањата на Би-Би-Си, сините веќе се договориле со Арсенал и Алекс би требало веќе денеска да пристигне на Стемфорд Бриџ, а според Трансфермаркт тој вреди 22 милиони евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа