Сопругата на Икарди: Вредноста на Мауро прерасна од 14 милиони па се до 250 милиони евра само поради мене

 

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара, открива дека таа му помогнала на сопругот во зголемувањето на неговата вредност од 15 до 250 милиони евра.

Поранешната водителка, минатата година почна да го застапува Мауро Икарди, и беше главна во преговорите со Интер, за неговиот нов договор.

Таа зборуваше за Аргентинскиот весник, Гента, околу нивната врска, животот со славниот фудбалер и неуспешниот брак со неговиот најдобар тогашен најдобар другар Макси Лопез.

„Јас сум единствената жена, која му помага на сопругот да заработи пари“ – таа изјави во интервјутот.

„Вредноста на Мауро прерасна од 14 милиони па се до 250 милиони евра“.

Играчот моментално блеска во Италијанската Серија А, на два натпревари тој постигна четири гола.

Мауро Икарди, конечно го доби тој посакуван повик од неговата репрезентација, Аргентина, пред тоа на неговото место играше Гонзало Игуаин.

 

 

 

29.08.2017 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега