Ново засилување за Вардар: Вања Марковиќ е нов играч

 

Фудбалскиот клуб Вардар денес доби уште едно засилување во своите редови. Српскиот интернационалец Вања Марковиќ потпиша договор на две години со „црвено-црните“. Марковиќ доаѓа од полскиот тим Корона Киелце, и го засилува средниот ред на македонскиот шампион.

– Уште пред да дојдам знаев дека Вардар е голем клуб и дека во последните пет години, четири пати ја освои шампионската титула. Тимот редовно во квалификациите за Лигата на шампионите, и ова за мене беше понуда која не се одбива. Клубот има голема историја, и можам да кажам дека на Балканот е еден од најголемите клубови, изјави Марковиќ за клупскиот сајт на Вардар.

Тој очекува успех и добри во Лигата на Европа, а во шампионатот одбрана на шампионската титула.

– Пласманот во групите од Лигата на Европа е голем успех за клубот и за самата држава, но верувам дека и таму Вардар ќе се претстави во добро светло. Со победите над Фенербахче видовме дека ништо не е невозможно. Ја следев екипата на тие два натпревари и видов дека Вардар е одлична екипа која има одлични играчи во своите редови. Тактички беше перфектно што значи дека и шефот на стручниот штаб Јаневски имал голем придонес, и мене ми е драго што ќе соработувам со него и со овие играчи. Сега имам три недели да се подготвам за првиот натпревар, јас се надевам дека брзо ќе се вклопам во новата средина и на секој тренинг и на секој меч ќе давам се од себе да ја оправдам довербата, и дека тимот ќе бележи само успеси, вели Марковиќ.

 

 

 

28.08.2017 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега