Одличен викенд за македонските фудбалери: Нашите репрезентативци хит во Англија, Шпанија и Италија (видео)

 

 

Вистинска недела за паметење за македонскиот фудбал, откако фудбалерите на Вардар ја испишаа историјата, вчера многу македонски репрезентетивци кои играат во европските лиги воодушевија со своите настапи.

Енис Барди, вчера го постигна дебитантскиот гол за Леванте во Примера и тоа не било каков гол, туку вистинска атракција со удар од слободен удар. Тој со својот погодок донесе намалување на резултатот на 1:2, Леванте во финишот со гол од пенал стигна до реми на овој меч.

На отварањето на италијанската Серија Б брилијираа и Македонците во Палермо, првиот гол за Палермо оваа сезона го постигна Александар Трајковски, а вториот новиот капитен на италијанскиот тим, Илија Несторовски. Тие двајца покажаа дека сицијалнците на македонски погон ќе одат по враќање во Калчо лигата.

Својот првенец на островот вчера го прослави и репрезентативецот Езџан Алиоски, тој со вистинска бомба против Нотигнем Форест, најави дека ќе биде еден од клучните играчи на Лидс на патот до враќањето во Премиер лигата.

Amazing Goal Alioski E (0:2) Nottingham Forest… by ylberenexhipi

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски сигурно е презадоволен од формата со која неговите играчи стигнуваат пред мечевите на гости со Израел и на домашен терен во Струмица против Албанија.

 

 

 

27.08.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега