За да го бодрат Вардар во Лига Европа Комити ќе треба да поминат 17.626 километри

 

Тешка ќе биде групата на Вардар ако се гледа од навивачки аспект. Комити, за гостување на трите натпревари ќе треба да поминат 17.626 километри за да го бодрат својот клуб и да се вратат во Скопје.
Најдалеку е Норвешки Розенборг. Патувањето со моторно возило во еден правец ќе трае 35 часа за кои треба да се поминат 3.191 километар, а се разбира уште толку за враќање.

Најблиску, ако тоа воопшто може така да се каже ни е Сосиедад. До таму, Комити имаат за патување 2754 километри во еден правец, што е околу 27 часа пат.

Долго ќе се патува и до Санкт Петерзбург за мечот со Зенит. 2867 километри во еден правец или 32 часа пат со автомобил.

Комити се уште се немаат вратено од гостувањето во Истанбул. Првото ги чека веќе идниот месец.

 

 

 

 

 

25.08.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега