Фудбалерот на Милан се извини за тоа што го направи во Македонија

 

Со вкупен резултат од 7:0 ја демонстрираа разликата во квалитет и докажаа дека имаат далеку покавалитетен состав од Шкендија, но сепак фановите на Милан најдоа замерки за еден играч од тимот на вчерашниот натпревар.

Аргентиенцот Хосе Маури направи грешки кои навивачите веднаш ги забележаа.

На средината на теренот тој често им даваше контри на фудбалерите од Тетово, а навивачите веднаш заклучија дека Маури со вакво однесување не е калибар за нивниот тим.

Тоа очигледно доста го повреди 21-годишниот млад фудбалер. Затоа на социјалните мрежи се извини за своите грешки.

Порача дека ќе продолжи напорно да работи за да ја поправи својата игра.

– Перформанс за заборав, немам никакви оправдувања. Можам само да продолжам да работам, ова нема никогаш да се повтори. Како и да е, благодарам за поддршката, – гласи пораката на Маури.

 

 

 

 

25.08.2017 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега