Вардар во четвртиот „шешир“ на извлекувањето на групите од Лига Европа

 

Македонскиот фудбалски првак Вардар ќе биде поставен во четвртиот „шешир“ на денешното извлекување на групите за Лига Европа.

Вардар е во оваа група од причина што ова за „црвено-црните“ е прво учество во групната фаза на натпреварувањето.

Покрај Вардар се уште и екипите: Аполон (Кипар), Башакшехир (Турција), Коњаспор (Турција), Витесе (Холандија), Славија Прага (Чешка), Црвена Звезда (Србија), Скендербег (Албанија), Злин (Чешка), АЕК Атина (Грција), Лугано (Швајцарија) и Остерсунд (Шведска). Ова се екипи против кои Вардар нема да игра.

Во првиот „шешир“ како најатрактивни противници се: Зенит (Русија), Арсенал (Англија), Олимпик Лион (Франција), Динамо Киев (Украина), Виљареал (Шпанија), Атлетик Билбао (Шпанија), Лацио (Италија), Милан (Италија), Викторија Плзен (Чешка), Салцбург (Австрија), Копенхаген (Данска) и Брага (Португалија).

Во вториот „шешир“ се екипите: СБ (Романија), Лудогорец (Бугарија), БАТЕ Борисов (Белорусија), Евертон (Англија), Јанг Бојс (Швајцарија), Олимпик Марсеј (Франција), Реал Сосиедад (Шпанија), Макаби Тел Авив (Израел), Локомотив Москва (Русија), Австрија Виена (Австрија), Херта Берлин (Германија) и Ница (Франција).

Во третиот „шешир“ се наоѓаат екипите: Астана (Казахстан), Партизан (Србија), Хофенхајм (германија), Келн (Германија), Риека (Хрватска), Виторија (Португалија), Аталанта (Италија), Зулте Варегем (Белгија), Зорја (Украина), Розенборг (Норвешка), Шериф (Молдавија) и Хапоел Бер Шева (Израел).

Натпреварите ќе се играат: 14. септември (прво коло); 28. септември (второ коло); 19. октомври (трето коло); 2. ноември (четврто коло); 23. ноември (петто коло) и 7. декември (шесто коло).

Извлекувањето на групите почнува во 13 часот.

 

 

 

25.08.2017 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега