Крајно неспортски потег на Рамос: Меси ја пцуеше мајката на капитенот на Реал Мадрид (ВИДЕО)

 

Фудбалерите на Реал Мадрид во двомечот со Барселона им предадоа вистинска фудбалска лекција на ривалите од Каталонија и станаа освојувачи на Суперкупот на Шпанија. Барса изгледаше очајно вчера.

Главни актер вчера беше Лионел Меси, кој имаше неколку одлични потези, но не успеа да даде гол. Најблиску до погодок беше кога ја стресе пречката во второто полувреме. Неговиот тим на крајот изгуби, а Реал го освои вториот трофеј оваа сезона, откако во Скопје победи против Манчестер Јунајтед во Суперкупот на Европа.

Зинедин Зидан покажа дека направил одличен состав, некои играчи кои минатата сезона добиваа минутажа за воигрување сега се носители на играта. Тука главно се мисли на Матео Ковачиќ и Маркос Асенсио, играчи кои вчера одиграа меч за десетка.

Еден од оние кои се стандардно на високо ниво е Серхио Рамос, најдобриот стопер на светот, сигурно еден од најдобрите на светот, вчера беше на своето стандардно ниво. Но направи не баш ферски потег кога требаше да му ја даде топката на Меси.

Но во оваа ситуација ниту Меси не му остана должен на капитенот на Реал.

-Пи*** ти матер, изговори Меси (La concha de tu madre), откако Рамос ја фрли топката во воздух.

 

 

 

 

17.08.2017 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега