Тимот на Фенербахче пристигна во Скопје
Во Скопје од денеска се наоѓа турскиот фудбалски гигант Фенребахче, екипа која утре во рамките од баражот ќе го игра првиот натпревар од Лига Европа со македонскиот првак Вардар.
Според стандардната процедура, гостите од Турција ја одржаа вообичаената прес-конференција.
- Нашата главна цел е да се елиминира Вардар. Се надеваме дека ќе ја искористиме предоста што имаме како фаворит. Го анализиравме Вардар на дуелите со Копенхаген, но сега ќе имаме мал проблем особено што сега ќе имаат друг тренер, изјави тренерот на „фенер“ Ајкут Кочаман.
Тренерот на Фенербахче истакна и дека неговата екипа нема практика да купува млади играчи, но македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е исклучок и голем талент, со тоа што постепено ќе добива шанса. Елмас чека дозвола за настап бидејќи се уште нема 18 години.
За стартните единаесет тренерот на гостите истакна дека ќе реши по тренингот и пред натпреварот особено што некои играчи имаат ситни повреди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа