Чедомир Јаневски допатува во Скопје да го презеде Вардар

 

Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски штотуку пристигна во Скопје каде што доаѓа на покана на раководството на ФК Вардар да ја преземе функцијата тренер по оставката на Гоце Седлоски, пренесе Спорт1.

Инаку, претходно Седловски поднесе оставка:

 Донесов одлука да си поднесам оставка од местото шеф на стручен штаб на ФК Вардар, за доброто на сите во клубот. Ова размислував да го направам уште после вториот натпревар со ФК Копенхаген кој што го загубивме. Сепак, успеав да соберам сили и да го започнам македонското првенство. После загубениот натпревар со Шкендија, овие два дена размислував добро и денеска ја донесов оваа одлука. Тие два порази ме погодија многу бидејќи јас како човек не сум навикнат да губам, но и фудбалскиот клуб Вардар не е навикнат на порази, стои во образложението на Седлоски.

 

 

 

15.08.2017 - 14:12
Фото: 
спорт1

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега