Вардар донесе замена за Балотели: Бразилецот Итало нов напаѓач на македонскиот шампион
Бразилскиот напаѓач Итало Хозе Оливеира дос Сантош е новото засилување на Вардар. Итало потпиша со шампионот едногодишен договор. 29-годишниот фудбалер дојде во нашиот тим од таборот на Клуб де Регатас од Бразил.
-Многу сум среќен сум што дојдов во Вардар и овој клуб за мене претставува нов предизвик во кариерата. Верувам дека брзо ќе се прилагодам на екипата и со нетрпение чекам да заиграм со моите нови соиграчи. Сега е на мене да почнам да тренирам со мојот нов тим и што побрзо да се подготвам за сезоната и да ги оправдам очекувањата од клубот. Пред да дојдам тука научив дека дека Вардар е најтрофејниот македонски тим и дека е три пати по ред шампион. Се надевам дека и во оваа сезона Вардар ќе успеее да ја одбрани титулата и повторно да биде шампион и да игра во Лигата на шампионите следната сезона. Исто така знам дека екипата игра во плеј-офот во Лигата на Европа против Фенербахче и се надевам дека Вардар ќе излезе како победник и ќе успее да помине во групната фаза, порача новиот играч на „црвено-црните“.
Итало е роден во Масејо (Бразил) на 12 јануари 1988 година. Во младинските категории настапува за Коринтијанс Алагоано, а потоа беше дел од португалскиот тим Маритимо од 2006 до 2010 година. Потоа играше за Интернасионал, за повторно во 2012 година да се врати во Маритимо. Во 2014 година беше дел од Паулиста, а од 2014 до 2016 година игра за бразилскиот тим Аудаш. Во 2016 стана дел од Сао Паоло, а последен клуб му е Клуб де Регатас.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа