Шоуто може да започне: Шкендија - Вардар на стартот
„Не смееме со емоции да влеземе во дербито, не смееме да ги правиме истите грешки од минатото“ вели Ферхан Хасани, капитенот на Шкендија во пресрет на денешното супер дерби со Вардар
Со супер дербито Шкендија – Вардар, се игра денес во Тетово со почеток од 17 часот, веројатно пред 10.000 гледачи, стартува новата 26 сезона во Првата лига на Македонија
Важен меч за двете екипи кои и во оваа сезона се најголеми кандидати за титулата, но се чини дека ова супер дерби за прв пат ќе биде во втор план за Шкендија и Вардар зошто за само неколку денови ги чека дуели со Милан и Фенербахче.
„Не смееме со премногу емоции да веземе во дербито, не смееме да ги правиме истите грешки од минатото. Го респектираме гостинот, тоа ќе биде добар натпревар. Се надевам ја научивме лекцијата од претходните натпревари. Не треба премногу да се оптоваруваме, три бода со Вардар се как и три бода против секој друг тим. Мораме да бидеме релаксирани. Играме со Вардар но искрен да бидам се чуствува околу нас таа еуфорија пред двомечот со Милан“ вели капитенот и најдобриот играч на тетовци Ферхан Хасани.
„Како и секогаш, така и на овој дерби меч Вардар оди на победа. Шкендија со настапите во Европа покажа дека има квалитетна екипа.Очекувам Вардар да го даде својот максимум и да победиме на ова дерби во Тетово“ истакна Стефан Спировски, играчот за врска на Вардар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа