Супер купот од Скопје во директeн пренос на преку 300 медиуми
Хозе Антонио Санчес е дел од 60 члениот тим од шпанската национална телевизија Антена 3 која ќе врши пренос на Суперкуп натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. За прв пат е во Македонија. Вели дека Скопје е прекрасен град и задоволен е од условите за работа. Санчез иако е навикнат на сончевите зраци вели дека во Скопје е многу топло.
Националната арена ги исполнува сите услови за еден ваков врвен фудбалски натпревар, вели тој, нагласувајќи дека олеснителна околност е што се наоѓа во близина на центарот на градот. Во однос на вечерашниот дуел, очекува квалитетна пресметка.
Шпанската национална телевизија е една од 300-те телевизиски канали кои ќе вршат пренос од Суперкупот во 228 земји ширум светот. Овој факт потврдува дека дуелот меѓу европскиот шампион и освојувачот на трофејот во Лигата на Европа го става Скопје во центарот на светската фудбалска јавност, и придонесвува за огромна промоција на Македонија.
За дополнителна гледаност ќе придонесе и атрактивноста на двата тима, со оглед на светската популарност на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.
Дуелот за престижниот трофеј ќе се игра вечерва, од 20.45 часот, на националната арена “Филип Втори”.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа