Законот за медиуми повторно пред пратениците
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија и Комисијата за надворешни работи.
Законодавно-правната комисија треба да ги разгледа Предлог - законот за медиуми и Предлог - законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, двата во второ читање, како и Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем, во прво читање.
Пред членовите на Комисијата за надворешна политика новоименуваниот амбасадор на Република Македонија во Република Албанија, Стојан Карајанов ќе ја претстави платформата за дипломатски активности.
22.08.2013 - 08:41