Гевгеличани ќе учат за олеснувањата во царинското работење
Во организација на Царинската управа и АМЕРИТ, СИЗ „Македонија сообраќај“ денеска во Гевгелија ќе се одржи работилница на теми поврзани со олеснувања во спроведувањето на царинските постапки, активностите за олеснување на работењето на транспортните компании, како и испраќање на електронски пред-декларации.
Работилницата ќе ја отвори директорот на Царинска управа Ванчо Каргов.
Учесниците на оваа работилница ќе разговараат за можностите за олеснување на работењето на транспортните компании и поднесување електронска царинска декларација пред ставање на стоката на увид при транспорт со ТИР карнети, за новините во царинските постапки наменети за олеснување на работата на економските оператори, како и за користењето на електронските системи на Царинската управа.
Оваа работилница е дел од серијата работилници кои се организираат во повеќе поголеми градови во Македонија.