Македонија – Грција на европското во Скопје

 

На Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје, денеска ќе се играат средбите од второто коло.

Нашите млади ракометарки предводени од селекторката Јулијана Дамчевска денеска ќе го има својот прв настап и тоа дуел против нашиот јужен сосед Грција.

Средбата, Македонија – Грција ќе се игра во терминот од 17 часот, а е втората од денешната програма во А групата, во која претходно (15 часот) ќе играат Фарски Острови – Полска.

Двојките во Б групата се: Израел – Бугарија и Косово – Словенија.

На вчера одиграните средби беа постигнати овие резултати. 
А група: Полска - Грција 28-24 и Швајцарија - Фарски Острови 28-22. Слободна беше Македонија.
Б група: Словенија - Израел 28-24 и Исланд – Косово 25-26. Слободна беше Бугарија.

 

 

 

01.08.2017 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега