Уапсен Албанецот што пушти дрон на фудбалски натпревар, ќе му се суди во Србија (ФОТО)

 

Исмаил Морина, човекот кој крена огромна прашина на квалификацискиот натпревар за Европското првенство помеѓу Србија и Албанија, наводно е уапсен пред еден месец во Дубровник и наскоро треба да биде испорачан во Србија.

Министерството за правда на Србија од Хрватска побара Морина да им биде испорачан што побрзо.

Очекувањата се тој да биде осуден за предизвикување национална омраза и нетерпеливост, а постапката ќе се води во Врховиот суд во Белград.

Според законите во Србија, Морина би требало да добие затворска казна од три години, но неговите адвокати најавија жалба.

Албанскиот медиуми „Opininon.al“ објави слики од одлуката за испорачување на Морин во Србија.

 

 

 

 

29.07.2017 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега