Најголемиот фудбалски трансфер: Нејмар оди во ПСЖ

 

На почетокот од работната недела се очекува да биде реализиран најголемиот фудбалски трансфер во историјата Нејмар ќе оди во ПСЖ, но во целата ситуација ќе профитира многу и неговиот татко кој му е и агент.

Интересно е што Нејмар сениор не само што ќе добие пари од зделката со ПСЖ туку од Барселона, бидејќи неговиот син претходно ја продолжи соработката со каталонците до 2021.година. Бонусот од Ноу Камп изнесува 26 милиони евра и мора да биде платен годинва, поточно во наредните два дена, бидејќи уште толку бразилскиот напаѓач ќе биде член на тимот. Тој ќе добие бонус од 40 милиони, а заработката од догвоворот со ПСЖ е 45 милиони, што значи дека таткото на фудбалерот ќе добие ова лето на своето конто повеќе од 100 милиони евра, што не е ни чудно зошто беше еден од инцијаторите Нејмар да ја смени средината.

 

 

 

29.07.2017 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега