Еве каде можете да донирате школски прибор за дечињата од социјалните семејства

Во пресрет на новата учебна 2013/2014 година, неколку здруженија организираат хуманитарна акција за собирање училишен прибор, храна и облека.

Акцијата ќе се спроведе во сабота, 24 август, од 10 до 13 часот, на пунктови за донирање во маркетите на „Тинекс“ во Скопје (Зебра и Раде Кончар), Охрид и Штип.

- Во акцијата ќе може да се донира школски прибор, но исто така и храна, облека и се што би придонело почетокот на учебната година да биде весел и успешен и за децата од социјално загрозените семејства, соопштија организаторите.

Акцијата на невладините организации Уметност на живеење-Арт лајф, СУНА и Банка за храна Македонија е дел од активностите за борба против сиромаштијата. 

21.08.2013 - 09:33

најчитано сега