Бајага воодушевен што ќе спие во манастири во Македонија

 

-Бајага беше скромен во барањата, но на прашањето каде ќе спиеме, ние му рековме – во манастири, а тој се воодушеви, велат од организацијата на рок- фестивалот „Џои фест“, кој треба да се одржи во петок во Крива Паланка, на кој ќе настапува и балканската ѕвезда Бајага.

-Ни рече дека во текот на неговата богата кариера спиел на разни места, но никогаш во манастир. Се одушеви на понудата и место една вечер, како што првично се договаравме, тој побара да преспие две вечери. Секако се сложивме, чест ни е што сака подобро да го запознае и да ужива во убавините на манастирот „Св. Јоаким Осоговски, велат од организацијата за Утрински весник.

Водител на „Џои фест“ ќе биде актерот Горазд Цветковски, а публиката, освен Бајага, ќе ја забавуваат шест домашни бенда – од Тетово – „Конкеринг лајон“, од Куманово се „Ептен“, „Смоки шејерс“ од Кавадарци, „Фулиш грин“ од Скопје и „Вертиго“, „Партали“ од Крива Паланка. Фестивалот ќе се одржи на Градскиот плоштад, во петок во 19 часот.

Извор: Утрински

21.08.2013 - 09:21

најчитано сега