Дождот го спречи дебито на Ѓорческа на Вимблдон
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска не доби шанса да се појави на терените на Вимблдон. Дождот ја прекина денешната програма, па мечот на нашата тенисерка со првата носителка во квалификациите Александра Круниќ од Србија е префрлен за утре.
Мечот останува да се игра на теренот број 15, но откако ќе заврши мечот во машка конкуренција, кој е прекинат.
Ѓорческа за утре има уште еден меч, во конкуренција на двојки. Во првото квалификациско коло со Полина Монова од Русија ќе играат против осмите носителки Американките Ешли Вајнхолд и Кејтлин Ворски
27.06.2017 - 19:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа