Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Шведска - ќе игра на „фајнал фор“ во Европската одбојкарска лига

 

 Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Тирана ја победи Шведска со максимални 3-0 во сетови на првиот ден од вториот турнир од А групата од Европската лига.

„Спартанците“ го добија првиот сет со 25:16, во вториот беше 25:22, додека најнеизвесно беше во третиот сет кој заврши 32:30.

По овој триумф, Македонија и теоретски го обезбеди пласманот на завршниот турнир.

Нашите одбојкари утре ќе играат со Азербејџан, а в недела со домаќинот Албанија.

Албанците во попладневниот меч исто така со 3-0 го победија Азербејџан.

Табела: Македонија 12 бода, Албанија 8, Шведска 3, Азербејџан 1.

Од Б-групата пласман на завршниот турнир обезбедија Украина и Данска. 

 

 

 

23.06.2017 - 19:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега