Јанкуловска: Имотот и граѓаните се побезбедни кога задолжените совесно си ја работат работата

Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, во врска со кривичната која е поднесена против вработените во "Македонски пошти", изјави дека сега се обезбедени докази само за десетте пријавени лица.

-Овој пример покажува дека имотот и граѓаните се многу побезбедни кога оние кои се задолжени за тоа совесно се однесуваат, односно ја извршуваат својата работа. Ова посебно би го потенцирала кога станува збор за институции кои работат со вредносни пратки, со пари или се поатрактивни од другите за оние кои имаат намера да извршат кривично дело, нагласи министерката за внатрешни работи.

Министерката нагласува дека одговорноста мора да се гледа и кај оние кои требало да ги обезбедат потребните услови тоа да не се случи, но и кај директните извршители.

 

19.08.2013 - 13:15

најчитано сега