Шок за Реал Мадрид - Роналдо соопштил дека заминува од клубот

 

Кристијано Роналдо сака да ја напушти Шпанија, а на таа негова одлука влијаеле обвинувањата на властите за затајување данок, поради што и му се заканува затворска казна.

Португалецот во 2009 година го напушти Манчестер Јунајтед и пристигна на Сантијаго Бернабе. За овие 8 години тој успеа да ги сруши сите можни голгетерски рекорди на Реал Мадрид, освои две титули во првенството, Кралскиот куп, Светското клупско првенство и три трофеи во Лигата на шампионите.

Но имаше и не толку убави моменти, тешко е да се задоволат размазените фанови на Реал, кои му свиреа од трибините, па Роналдо и поради тоа размислуваше за заминување.

Фудбалерот кој четири пати ја освоено Златната топка, сега има друга причина да избега од Примера. Шпанските власти го обвинуваат за затајување данок во износ од 14,7 милиони евра, а обвинителството тврди дека на тајни сметки на Девствените острови сокрил приходи од продажба на комерцијални права на своето име и бренд. Му се заканува затворска казна од дури седум години, кои би морал да ги помине позади решетки, но ако добие помалку од две, ќе помине само со условна казна.

A BOLA:

RONALDO WANTS TO LEAVE SPAIN

▪️ His decision is irreversible and he has already informed this to the president of Real Madrid.

 

 

Роналдо е запрепастен поради ваквите обвинувања, тој доби потпора од клубот, но сепак единственото решение го гледа во заминување од Шпанија.

Угледниот португалски весник „А Бола“, тврди дека Роналдо донел одлука за заминување од Реал и дека на претседателот Флорентино Перез, му објаснил дека е апсолутно згрозен од она за што се терети.

 

Инаку, Роналдо има договор со мадридскиот клуб до јули 2021, а се пишува дека ПСЖ, Манчестер Јунајтер и некои клубови од Кина, се спремни да платат 180 милиони евра оштета да за го донесат Португалецот.

 

 

 

16.06.2017 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега