На денешен ден пред 30 години фудбалерите на Вардар станаа шампиони на поранешна Југославија

 

 

Денешниот ден е запишан со златни букви во историјата на македонскиот фудбал. На 14 јуни 1987 година Вардар ја освои својата првата титула во првенството на Југославија, тоа впрочен е и единствена ваква титула на клуб од Македонија.

Денешниот ден е еден од најзначајните датуми во историјата на Вардар. Имено, Вардар во 1987 година со одигрувањето на последното коло, стана нов шампион на тогашна Југославија во сезоната 1986/87. Тоа беше прва шампионска титула на нашиот тим со која беше прославена 40-годишнината од постоењето на клубот.

И покрај поразот во последното коло од 4:1 против Динамо Загреб одигран на „Максимир“, сепак, благодарение на резултатите на конкурентите, Вардар ја мина целта како првопласиран тим на табелата. Инаку, десет тимови во првенството играа со минус шест бодови, врз основа на тогашната одлука на Фудбалскиот Сојуз да им бидат одземени поени, поради сомнителните резултати во последното коло од сезоната 1985/86.

Интересно е што во тоа време тренерот Андон Дончевски пред почетокот на првенството, се надевал дека тимот ќе успее да го избори опстанокот, со скриени амбиции да се избори место во Европа, а на крај екипата стана првак на Југославија.

-Имаме млада и талентирана екипа. Нашата цел е опстанокот, но ако ни се пружи шанса да обезбедиме место во Купот на УЕФА, тогаш ќе се обидеме да ја искористиме, изјави пред почетокот на сезоната Дончевски, а „црвено-црните“ станаа прваци на Југославија.

За македонскиот тим тогаш настапуваа двајца играчи, кои што и ден денеска работат во Вардар. Дресот на црвено-црните го носеа сегашниот спортски директор Дарко Панчев, и тренерот на младинците Љупчо Марковски. Освен нив, таа сезона за Вардар настапуваа Тони Савевски, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Вујадин Станојковиќ, Јовче Џипунов, Бобан Бабунски, Чедомир Јаневски, Момчило Грошев, Милко Симовски, Љупчо Лазаров, Венцислав Симоновски, Мирко Петров, Благоја Тодоровски, Никола Аврамовски, Зоран Трајчевски, Горан Стојановиќ, Николче Филипов, Васил Рингов, Тони Атанасовски, Јовко Бизимовски. Дел од Вардар во есенскиот дел од сезоната беа Слободан Горачинов и Гоце Димовски кои што заминаа во странство во текот на шампионатот.

Екипата беше предводена од тренерот Андон Дончевски, заедно со неговите асистенти Методија Спасовски и Кочо Димитровски, сите поранешни играчи на „црвено-црните“.

Од 18 екипи, Вардар беше прв со 38 поени. Тогаш за победа се добиваа два бода, а за нерешено еден поен. Подоцна Вардар ја претставуваше тогашната држава во Купот на Европските шампиони и играше против Порто од Португалија. Еве како изгледаше конечната табела на крајот од сезоната:

 

 

 

14.06.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега