Навивачка војна: Специјалци по улиците, навивач се бори за живот

 

Во последните два месеци тепачките меѓу навивачите на Партизан и Црвена Ѕвезда стануваат се почести, а во синоќешните еден навивач добил прострелна рана во стомакот и лекарите се уште се борат за живот.

Страстите помеѓу навивачите на Партизан и Црвена Ѕвезда во Белград никако да се смират. Вчера вечер при општа тепачка во која било користено и огнено оружје еден навивач тешко настрадал. 19 годишното момче е рането во стомакот, па сега лекарите се борат за неговиот живот, јавуваат медиумите во Србија.

Битката меѓу двете навивачки наводно била договорена во новобелградскиот Блок 61, а во тепачката покрај огнено оружје, користени се и камења, челични цевки, т.е. се што им дошло при рака на хулиганите.

Набрзо после тепачката на улицата излезе полицијата наоружана со автоматски пушки и ги смири здивените навивачи.

Српските медиуми пишуваат дека ова продолжение на жестоките тепачки на Делиите и Гробарите во последните два месеци. Се почнало со обидот на Делии да влезат на јужната трибина на стадионот на Партизан и да ги земат транспарентите на Гробари, а продолжи пред недели повторно кога Делии повторно ги нападнаа навивачите на Партизан.

 

 

 

 

 

09.06.2017 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега