Металург ќе аплицира за настап во Лигата на шампионите
Металург заедно со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе упатат заедничко барање до Европската ракометна федерација (ЕХФ) со кое ќе искажат желба и интерес македонскиот вицепрвак Металург и следната сезона да биде дел од ракометната елита на Европа, во Лигата на шампионите (ЛШ).
- Документацијата и сите формулари за аплицирање за дополнително, второ место во следната сезона во ЛШ се подготвени, и денес ќе ги испратиме во ЕХФ со искрена надеж дека, како и во изминатите две сезони, ќе добиеме место во ракометната елита на Европа, потврди Зоран Цветановски, претседателот на Металург.
Според рејтингот, правилата и пропозициите на ЕХФ за сезоната 2017/18 на Македонија и следува едно место во ЛШ за првакот, потоа две места во Купот на ЕХФ (за вицепрвакот и за освојувачот на Купот) и едно место во Челинџ-купот на ЕХФ (за трето пласираната екипа), но и во изминатите сезони ЕХФ отстапуваше од претходно поставените рамки и доделуваше дополнителни места на екипите кои исполнуваат одредени критериуми (добра посетеност на натпреварите, добра организираност на мечевите, маркетинг, спонзори и ракометни имиња кои ќе одговорат на предизвиците во ЛШ). Металург зад себе има шест сезони во ЛШ и доволно искуство за настап во ова натпреварување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа