Се вратил од одмор во опустошена куќа - непријатно изненадување за млад скопјанец
Меѓу 14-ти и 17-ти август, засега непознат сторител провалил во куќата на 26 годишниот Е.Д. од скопско Морани.
Според информациите од полицијата, натрапникот го отворил двокрилниот прозорец од дневната соба, влегол во куќата и одзел 1.500 евра, лап топ компјутер, златен часовник, две сребрени пенкала со изгравирани имиња, детска облека и разновиден златен накит.
КРадецот си заминал со богатство “тешко“ околу 300.000 денари. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.