Ахмети: Не гледам светло на крајот од тунелот

Засега не гледам некакво светло на крајот на тунелот, но да се надеваме дека во иднина сите страни ќе преземат конкретни дејствија, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, по вчерашната средба со градоначалниците од неговата партија.

Тој рече дека заканите од досегашниот владин партнер Никола Груевски не помагаат земјата да ја надмине состојбата создадена по изборите.

-Не сметам дека заканите и уцените се средство за решавање на кризата. Сите страни треба да ја почитуваат волјата на парламентарното мнозинство, додаде Ахмети.

Ахмети истакна дека за прашањето за напуштање на Владата од страна на министрите од ДУИ веќе не се дискутира бидејќи таквиот потег, според него, не произведува правен ефект.

На вчерашната средба градоначалниците од редовите на ДУИ побарале од министерката за локална самоуправа Ширете Елези на следната владина седница да се расправа за тоа како треба да делуваат градоначалниците по 14 мај.

 

 

 

11.04.2017 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега