Завршени две карабини на највисоките згради во Македонија

 

Турски „Џеваир“ ги постави плочите и на последниот кат од двете од планираните четири кули кои се највисоки згради во Македонија, објавува Алфа. 

Кулите се лоцирани во скопски Аеродром и видливи се од секаде бидејќи достигнуваат дури 130 метри висина. Тие имаат 40 ката, плус приземје и мезанин. Во комплексот во кој ќе има 1.400 станови е предвидено да никне и трговски центар со бројни содржини. Земјиштето на кое лежат зградите, „Џеваир“ го купи од државата за 4.700 денари од метар квадратен, или вкупно околу 2,6 милиони евра. 

 

најчитано сега