Две жени на Ургентен по сообраќајката на Бит-пазар
Две жени завршија на скопскиот Ургентен, откако кај „Мавровка“ се судрија возило на Брзата помош и автомобил „Фолксваген“.
Станува збор за 46 годишната С.С. патничка во „Фолксвагенот“ и 35 годишната В.У. која се возела во возилото на Брза помош.
Очевидците раскажале дека судирот се случил додека возилот на Брзата помош превезувало пациент.
Полициските екипи вршат увид на местото на несреќата.