МВР отворило постапка за сертификатот од Пловдив на Бојан Христовски
Министерството за внатрешни работи (МВР) отворило постапка за сертификатот за познавање на англискиот јазик кој го приложил директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, објави „360 степени“.
По сомнежите во јавноста за валидноста на документот доказ за познавање на англиски јазик за кој Христовски тврди дека го стекнал во училиштето „Јулија КО.“ во Пловдив, Бугарија, од МВР за порталот велат:
„Ве известуваме дека од страна на Министерството за внатрешни работи оформен е предмет кој е предаден во надлежност на ОЈО Скопје за понатамошно постапување. Од таа причина Ве молиме за дополнителни прашања да се обратите до надлежното ЈО“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа