ФФМ им донираше комплет спортска опрема на женските младински клубови

 

Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема која се состои од дресови, копачки, маици, шорцеви, фудбалски топки, на женските клубови во млади категории.

Во „Куќата на фудбалот“ донација примија вкупно 12 клубови кои се натпреваруваат во младинските женски лиги: АС Јунајтед , Кочани, Габер, Младост, Шар Планинка, Билјанини Извори, Кратово, Џиџи, Топ Гол, Порече, Атлетико и Тиверија.

Сузана Трпеска од Шар Планинка во врска со оваа донација го потенцираше значењето на доделената опрема и дополни.

– Ова е позитивно за развојот на женскиот фудбал. Благодарност до ФФМ што и на овој начин се обидува да влијае во развојот на младите категории во женска конкуренција. Помошта во вид на спортска опрема е значајна не само за екипите, туку и за родителите чии девојчиња тренираат. Истовремено опремата е дополнителен мотив за тренирање.

Фудбалот е единствениот спорт во нашето село. Помошта од Фудбалската федрација е значајна за екипите од малите спортски средини. Во нашата екипа тренираат педесетина девојчиња. Тие со големо нетрпение ја очекуваат оваа помош, истакна Ќиро Толев од ФК Габер од село Ваташа.

Претставничката на ЖФК Џиџи и се заблагодари на Фудбалскта федерација.

– Донацијата ни овозможува на сите што имаат желба да работат во женскиот фудбал да имаат одличен почеток за создавање на талентиран подмладок, вели Снежана Трпеска.

Пред два месеци Фудбалската федерација на Македонија им донираше опрема (спортска опрема и фудбалски топки) на екипите од Супер и Првата лига (пионери, помлади пионери, кадетска и младинска конкуренција). Во просториите на „Куќата на фудбалот“ донација примија претставници на 115 екипи кои се натпреваруваат во системот на Фудбалската федерација на Македонија.

 

 

 

08.03.2017 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега