Дерби на милионерите во Скопје: Вардар ја пречекува Шкендија

 
Втората пролетна рунда од домашниот фудбалски шампионат на Македонија го носи големото дерби меѓу Вардар и Шкендија, екипи кои се најсериозни претенденти за шампионскиот трофеј и годинава. 
 
Овој меч е од висок ризик, а од тие причини претставниците на двата клуба заедно со МВР и ФФМ донесоа одлука дека на натпреварот нема да има навивачи на тетовската екипа. Затоа влезниците ќе се продаваат само со приложување личен документ и тоа на билетарницата на северната трибина која ќе работи до 13:45 часот.
 
Дуелот од 20.коло ќе се игра во Скопје на националната арена „Филип Втори“ со почеток од 14 часот, а ќе го суди Александар Ставрев. 
 
Покрај овој натпревар попладнево ќе се играат и средбите: Ренова - Македонија ЃП, Шкупи – Работнички и Силекс – Победа. 
 
Во воведниот меч од ова коло, одигран вчера во Охрид, Пелистер со 2:1 ја победи Брегалница. 
 
Табела: Вардар 44 бодови, Шкендија 40, Пелистер 33, Работнички 31, Ренова 26, Силекс 24, Победа 16, Шкупи 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 11. 
 

 

 

26.02.2017 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега