ВМРО-ДПМНЕ до Жерновски: Да продолжи изградбата на катната гаража во Центар

 

ВМРО-ДПМНЕ апелира кон градоначалникот Андреј Жерновски да ја продолжи изградбата на катната гаража во општина Центар затоа што на општината и требаат и паркови и градинки и катни гаражи, стои во реакцијата од партијата по одлуката на Општината за стопирање на изградбата на катната гаража.

- Ниту ги праша граѓаните дали да ја сопре изградбата на катната гаража, ниту пак соопшти колку градинки и паркови и со која вредност поединечно ќе изгради на местот на катната гаража, стои во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ го смета чинот за запирање на изградбата на катната гаража е уште еден доказ за неспособноста на Жерновски да ја води општината Центар.

- Не видовме ниту еден сериозен проект во овие 100 дена од него. . Се разбира, не ја потценуваме важноста на остранетата бандера, која беше удрена од возило, проект на кој Жерновски му посвети должно внимание пред очите на сите македонски медиуми, се вели во реакцијата од ВМРО - ДПМНЕ. 

најчитано сега