Сериозно повреден светски познатиот спортист и шампион
Светскиот првак Франција ќе се обиде да ја одбрани титулата без помошта на пикерот и столбот во одбраната, Лука Карабатиќ.
Тој заработи сериозна повреда на десниот скочен зглоб и дефинитивно е во „аут“ за остатокот од Светското првенство. Лекарскиот тим на „експертите“ по деталните анализи соопшти дека Лука Карабатиќ има скинат лигамент на десниот скочен зглоб и дека ќе мора да замине и на операција.
Тоа значи дека селекторот Дидие Динар ќе мора во продолжението на мундијалот многу повеќе да ги користи Седрик Сораиндо и Лукас Фабрегас на пивотменската позиција.
Французите на стартот од мундијалот остварија две лесни победи против Бразил и против Јапонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа