Грците не запираат - уште еден Македонец се врати со оштетено возило
Уште еден македонски граѓанин се врати со оштетено возило од соседна Грција. На граничниот премин „Богородица“ вчера С.Ј. од Кавадарци пријавил дека во туристичкото место Неа Врасна, со спреј му биле испрскани ознаките МК на двете таблички од возилото марка мерцедес.
Според податоците од МВР, досега се вкупно евидентирани 43 оштетувања на македонски возила во Грција, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори со шест.
Вкупно 20 од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите се од други места во државава.
ФОТО: Дневник
12:30