Нов гаф на Зоран Заев

 

Нов гаф на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тој во колумната којавчера ја објави во Утрински весник под наслов „Се движиме по работ на опстанокот“ . Заев пишувајќи за „загрижувачката состојба во Македонија“ и правејќи паралела меѓу двата Илиндена, го згреши насловот на маршот кој се пеел на првото заседание на АСНОМ. Наместо „Изгреј зора на свободата“ Заев малку погреши па напиша „Изгреј сонце на свободата“.

„Поминаа 110 години од Илинденското востание и 69 години од Првото заседание на АСНОМ. Македонија и нејзините граѓани повторно ги славеа своите два Илиндена. Земајќи ги предвид историските факти за двата грандиозни настана од минатото, сегашноста на нашата земја во најмала рака е загрижувачка. Зборот „слобода“ бил копнеж, стремеж и идеал на илинденските востаници. За тој збор сонувале, бунтувале и умирале. Да можат славните илинденци да станат од своите гробови за да видат каква е состојбата со слободата во Македонија, веројатно од разочараност би извршиле колективно самоубиство на Мечкин Камен. Истото би го сториле и делегатите на Првото заседание на АСНОМ. Оние кои на почетокот на заседанието стоечки ја пееле „Изгреј сонце на свободата“, денес би биле сведоци на зајдисонцето на таа слобода.“ - напиша Заев за Утрински

Во продолжение и песната, за сите кои во идинина планираат нејзиниот наслов да го ставаат во своите колумни

 

10.08.2013 - 12:26

најчитано сега