Дневник: Бугарски Сорос заслужен за слугувањето на Софија кон Атина

 

Бугарската фондација „Отворено општество“, дел од светската организација на Џорџ Сорос, активно била вклучена во антивладините протести во Софија и користејќи го силното влијание врз приврзаниците застана зад поранешниот премиер Бојко Борисов и ги собири на плоштадот Независност, пишува весникот „Дневник“.

Инаку, Бојко Борисов некогашниот бугарски министер за надворешни работи Младенов и историчарот Димитар Бечев се во дори релации со бугарското „Отворено општество“ за кое се пишува дека ги поттикнувало протестите.

-Kако еден од луѓето што додаваат искра на протестите во бугарската јавност се споменува и името на историчарот Димитар Бечев. Тој раководи со канцеларијата на Европскиот совет за меѓународни односи во Софија, организација основана со поддршка на фондацијата „Отворено општество“ на Сорос. Бугарските медиуми пишуваат дека своите партнери и финансиери Бечев ги бара меѓу корпорациите, владите и поединците, пишува Дневник. 

Овој историчар во Скопје го промовира Речникот на македонската историја, каде што пишува дека етничките Македонци се словенски народ и тесно се поврзани со соседните Бугари и Срби. 

Инаку, извор од Бугарија за Дневник коментира дека зад протестите сигурно стојат организации што работат под натписот „слободни општества“ и тоа веќе не е никаква тајна: - - Целите на протестите сега како да изгубија смисла. Но, симптоматично е што, на пример, некои од тие млади што протестираа, потоа се видени како одат на одмор со полни џебови пари. Тие дури и не кријат дека парите ги спечалиле на протестите - истакнува изворот на весникот.

Извор: Дневник

Повеќе прочитајте тука.

11:21

најчитано сега