Кривична за возачот на автобусот кој излета во Будимпешта

Кривична пријава доби возачот на македонскиот автобус кој вчера  излета од патот во близина на Будимпешта.  

Пријавата , унгарската полиција ја покренала за несовесно предизивкување на несреќа со повеќе повредени.  Зошто автобусот  на турстичката компанија Тото излетал од патот  и завршил во ендек  на реката Бакоњ официјално не е е утврдено.

Според првичната истрага    возачот заспал. Со повреди се здбоија сите 28 патници  и членовите на екипажот. Нема критични случаи. Сите во се стабилна состјба.  

Деветмина од повредените  македонци се пуштени од болница и се враќаат дома. Министерот за здравство  Тодоров   изјави  дека доколку биде потребно ќе биде испратено амбулантно  возило за Унгарија, но за тоа чекаат потврда од тамошните лекари.  Ќе бидат информирани утре.

Двајца  туристи  пак по укажаната  лекарска помош решиле да го продолжат патувањето до крајната цел, Прага.

Автобусот тргнал од Скопје а меѓу 28-те патници имало 21 македонски граѓанин, четворица биле од Чешка и тројца од Бугарија.

најчитано сега