МВР: Во Македонија не се обучуваат исламски терористи

 

Македонското МВР ги денатира информациите објавени во анализата на руското радио „Глас на Русија“, според кои на Балканот и во западна Македонија има кампови во кои исламски терористи се обучуваат за самоубиствевни бомбашки напади.

-Во континуитет ја следиме безбедносната состојба во Македонија, но и во регионот. Во моментот нема никаков посериозен ризик по безбедноста на граѓаните. Ние сме подготвени веднаш да реагираме и да неутрализирам било каква опасност и закана за безбедносната состојба, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.

Инаку, руското радио објави анализа во која се вели дека во западна Македонија постојат кампови во кои исламски терористи се подготвуваат за саамоубиствени бомбашки напади. Повеќе детали тука.

 

најчитано сега