Македонскиот фудбал има иднина: Продолжува европскиот сон на репрезентацијата У-17 - по ремито со Италија, победена Албанија

 

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години славеше победа против врсниците од Албанија.

На средбата одиграна попладнево во италијанскиот град Форли, во рамките на последното 3.коло на групата 4 во квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 17 години, Македонија ја победи Албанија со 2:1.

Иако губеа со 0:1, по голот на Емилијано Булари во 52. минута, сепак избраниците на селекторот Добринко Илиевски успеаја да направат пресврт. По само две минути Бојан Колевски израмни на 1:1, а Бесник Ферати во 64. минута и донесе победа на Македонија од 2:1, прва на квалификацискиот турнир во Италија.

Со тоа, македонските надежи го освоија 3. место со 3 бодови во групата во која првопласираната Италија собра 7, а Србија 6 бода, додека Албанија не освои ниту еден бод.

Сега на црвено-жолтите им останува да ги сочекаат натпреварите од 12-тата група, за да знаат дали ќе ги продолжат квалификациите понатаму.

На главниот квалификациски турнир во Хрватска ќе патуваат двете првопласирани селекции од сите групи и дополнително уште четири најдобри третопласирани репрезентатции. Македонија моментно е петта, а може да биде и шестопласирана и да испадне во конкуренција на третопласираните доколку некоја од репрезентациите во 12-тата група има подобар учинок од нашата. 

 
 
31.10.2016 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега