Шкендија во голема криза: Шкупи успеа да откине бод на Чаир, Вардар со шанса да избега 8 бодови пред тетовчани
Фудбалерите на Шкендија уште еднаш не можеа да извлечат максимални три бодови во дуел против екипата на Шкупи.
Откако пред три дена во заостанати дуел во Тетово, составот на Шкупи славеше победа со 1-0, денеска во Скопје, овие две екипи одиграа без постигнат гол 0-0.
Со само едниот одвоен бод тетовската екипа дополнително ги намали шансите во трката за шампионската титула, во која актуелниот првак Вардар има четири бодови повеќе, но и средба за одигрување.
На останатите натпревари од 12.коло во Првата македонска фудбалска лига одиграни попладнево постигнати се овие резултати: Силекс – Брегалница 1-0, Пелистер – Македонија ЃП 1-0, Ренова – Работнички 1-1.
Последниот натпревар од ова коло ќе се игра попладнево во терминот од 17 часот и 30 минути на арената „Филип Втори“ каде лидерот и актуелен шампион Вардар ќе биде домаќин на прилепска Победа.
Табела: Вардар 25 бодови (-1 натпревар помалку), Шкендија 20, Работнички 19 бода, Пелистер 16, Ренова 15, Шкупи 13, Силекс 11, Победа 10 (-1), Македонија ЃП 9, Брегалница 8 бода.
30.10.2016 - 15:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа