За пласманот на Европското првенство фудбалската репрезентација на Македонија У-21 ќе добие парична награда
![](http://press24.mk/sites/default/files/styles/large/public/2016/10/25/d65rg4th53fj.png?itok=WlqwcPsm)
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на седницата одржана денеска утврди награден фонд за репрезентацијата на Македонија до 21 година за постигнатиот успех - пласман на ЕП во Полска 2017 година. Со ова вкупниот фонд за репрезентацијата до 21 година за успешните натпревари во квалификацискиот циклус и пласманот на ЕП во Полска 2017 година е во износ од 230.000 Евра.
- Настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на ЕП 2017 беше нешто посебно, игра со срце и желба за успех. Не ни беше проблем да се договориме околу решение за паричната награда. Клучно е она што репрезентативците го покажаа на терен. Заеднички покажавме нови стандарди на работење и така ќе биде и во иднина. На екипата и на селекторот Благоја Милевски им посакуваме многу среќа на Европското првенство. Покажаа дека со квалитетот припаѓаат меѓу најдобрите селекции во Европа“, е ставот на членовите на Управниот одбор на ФФМ.
Противниците од групата на шампионатот селекцијата на Македонија ќе ги доби на извлекувањето кое ќе се одржи на 1.декември во Краков.
25.10.2016 - 17:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа