Македонија противниците за ЕП во Полска ќе ги дознае на 1 декември
Македонските надежи се новите наши херои, откако направија неверојатен успех пласирајќи се на Европско првенство. Успехот е уште поголем ако се знае дека на Европскиот шампионат играат само 12 репрезентации.
Покрај Македонија директен пласман обезбедија и Чешка, Данска, Англија, Германија, Италија, Португалија, Словачка, Шведска и домаќинот Полска. Во баражот за преостанатите две места ќе се борат Шпанија, Србија, Норвешка и Австрија.
Ждрепката за баражите е во петок, а првите натпревари се играат на 7. ноември, реваншите се на 15. ноември по што ќе биде комплетиран списокот на учесници на Европското првенство.
Европското првенство се игра од 16. до 30. јуни 2017. Ждрепката е на 1. декември, репрезентациите ќе бидат поделени во три групи со по четири репрезентации.
Првопласираните заедно со најдобрата второпласирана ќе играат полуфинале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа